Шаќири со апел до наставниците: Потребни сте им на учениците да ги подготвите за уписи и матура, што се нивната иднина
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска со ФБ пост ги повика наставниците во основните и средните училишта да го продолжат образовниот процес бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата.
“Децата треба да ни е на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога владата и Министерството за образование и наука направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците”, напиша Шаќири.
Во ФБ постот, Шаќири потенцира дека учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Редовната наставата е потребна најмногу како поддршка за ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.
“Потребни сте им сега во овој период кога се подготвуваат за продолжување на образованието во средните училишта, за полагање на стручни испити и за државната матура, од што зависи нивната понатамошната образовна иднина и запишување на факултетите во земјава и во странство. Со нарушен образовен процес, сето ова не може да се реализира во предвидените рокови и е на штета на сегашните деветооделенци и матуранти, но и на сите останати ученици”, објави Шаќири на ФБ.
Министерот истакна дека Владата и претставниците на СОНК се договорија викендот да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи. Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците од 21 %
“Владата сака да излезе во пресрет на барањата на наставниот кадар. Сакаме да најдеме задничко долгорочно решение со кое ќе обезбедиме континуиран раст на платите во образованието, но и ќе го гарантираме економско-социјалниот статус на кадарот. Сега најважно за децата е да се вратат во училиште, а дијалогот да продолжи”, стои во објавата.
Ново на Сител
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
