Фудбал
20. April 2022 - 12:12

Денеска полуфинални средби во фудбалскиот Куп на Македонија

Попладнево  ќе се играат полуфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија, по кој ќе ги дознаеме и двата тима кои ќе се борат за трофејот во финалето. 
 
Актуелниот бранител на трофејот, тимот на Силекс, кој е неприкосновен во западната второлигашка конкуренција за противник ќе го има Пелистер, кој пак е убедливо на последното место во проволигашката конкуренција. Пелистерци кои ќе ја имаат предноста на домашниот терен, ќе се обидат да стигнат до своето петто финале, прво по пауза од пет години односно 2017-тата кога по втор пат го освоија Купот. 
 
Кратовци кои лани во финалето беа подобро од Академија Пандев по подоброто изведување на пенали, исто така ќе атакуваат на петтото финале, во кое би го бркале четвртиот трофеј. 
 
Во вториот полуфинален натпревар ќе играат Струга Т.Л. и Македонија Ѓ.П. 
 
Стружани десега не настапиле во финалниот меч, за разлика од „лавовите“ од Ѓорче Петров кои досега  имаат три финални меча (2006, 2009 и 2018 година), и еден трофеј освоен во 2006 година.
 
Натпреварите во Битола и Струга ќе започнуваат од 16 часот, а победниците ќе играат во финалето  закажано за 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.