Македонија
20. April 2022 - 16:33
Зошто е разрешен Јани Макрадули?
Дали Јани Макрадули работел нестручно или пак нешто друго е причината поради која Владата го разреши од местото директор. Од Владата велат дека измените ги прават за да ги подобрат состојбите во АД Пошта. Дали Макрадули е поврзан со случајот на екс генсек на Владата Мухамед Зеќири кој е осомничен дека без јавна набавка склучил договор за изработка на студија за Пошта, од Владата не откриваат.
Одлуката беше донесена на вчерашната владина седница. На негово место доаѓа Васко Стефанов кој досега беше заменик директор на Агенцијата за вработување. Макрадули беше назначен на оваа позиција во ноември 2020 година.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
