Loading Video...
Фудбал
20. April 2022 - 18:50

Силекс и Македонија ЃП ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Екипите на Силекс и Македонија Ѓ.П.  ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија закажано за 20 мај. Актуелниот бранител на трофејот, тимот на Силекс, и екипата на Македонија Ѓ.П. ги добија полуфиналните средби и тоа на гостински терен против Пелистер и Струга Т.Л. 
 
Кратовци до своето петтото финале, во кое би го брка четвртиот трофеј, стигнаа со победата во Битола над Пелистер со 1-0 со голот на Каланоски во 36-минута.
 
Македонија ЃП до своето четврто финале стигна по пенал рулетот против Струга Т.Л. Откако мечот во регуларниот дел заврши без голови во пенал серијата домаќините не реализираа два удари па „лавовите“ славеа триумф со 4-2. 
 
Финалето на Купот на Македонија е закажано за 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.