Loading Video...
Фудбал
23. April 2022 - 15:43
Арсенал го доби дербито против Манчестер Јунајтед
Екипата на Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 3-1 во дерби дуелот од 34 коло на Премиер лигата.
Домаќините поведоа по само три минути игра со голот на таварес, а веќе во 32-та имаа и два гола предност откако Сака од пенал се запиша во листата на стрелците.
Но, таа предност не траеше долго бидеќи Кристијано Роналдо во 34-минута намали на 2-1.
Во вториот дел гостите имаа можност да го израмнат резултатот, но Фернандеш не реализира пенал, а казната следуваше во 13-минути подоцна кога Чака го постигна третиот гол за Арсенал.
Арсенал сега е на 4.место со 60 бодови три повеќе од Тотенхем, одноано шест од Јунајтед.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->