Loading Video...
Фудбал
24. April 2022 - 18:23
Наполи по поразот од Емполи ја губи трката за „скудетото“ со миланските ривали
Наполи го губи чекорот со миланските ривали во трката за Скудетото.
Тимот на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше непријатно изненаден на гостувањето кај Емполи од кој загуби.
Иако наполитанците имаа водство од 2-0, сепак во завршните десет минути таа предност јка „прокоцкаа“.
Емполи направи конплетен преврт и со головите на Хендерсон и двата на Пинамонти, стигна до победа со 3-2.
Така Наполи кој трет остана на 67 бодови, четири помалку од Милан, односно пет од лидертот на табелата Интер. Но разликата може да биде зголемена имајќи во предвид дека двете милански екипи треба да ги одиграат своите средби од оваа 34-та рунда.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->