Loading Video...
Фудбал
4. May 2022 - 11:27
Ливерпул прв финалист во Лигата на шампионите, Реал и Манчестер Сити вечерва решаваат за вториот патник
Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите, а кој ќе биде нивни противник ќе дознаеме вечерва
Ливерпул и по втор пат беше подобар од Вилјареал во полуфиналето од Лигата на шампионите, па популарните „црвени“ од „Енфилд“ по десети пат во клупската историја ќе играат во финалето.
Иако Вилјареал, уште во првиот дел ја анулира негативата од првиот меч, со головите на Диа во 3-тата и Кокелан во 41.минута, сепак во второто полувреме, гостите од Ливерпул направија комплетен резултатски пресврт.
А, тоа им го овозможи пред се домашниот голман Руљи, кој со лошите интервенции „кумуваше“ на трите гола на Фабињо во 62-та, Луис Диаз 65-тата и Мане во 74.минута.
Кој ќе биде противник на Ливерпул во финалето закажано за 28 мај на „Стад де Франс“ во Парис, ќе дознаеме вечерва, откако во Мадрид, Реал и Манчестер Сити ќе го одиграат својот реванш полуфинален натпревар, во кој англискиот шампион ќе влезе со еден гол позитива, осттварена на првиот натпртевар во Англија каде „граѓаните“ победија со 4-3.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->