СПЦ го прифати канонскиот статус на МПЦ-ОА, но само како најширока можна автономија доделена во 1959 година
Синодот на СПЦ донесе одлука да ја врати во автономија МПЦ, но за нејзина автокефалност се наведува дека треба да одлучуваат сите помесни цркви.
Во соопштението се изразува надеж дека СПЦ братољубиво ќе го решава и ќе го реши конечниот канонски статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус. Со ова се воспоставува целосно литургиското и канонското причестување, кое беше прекинато поради едностраното прогласување на автокефалност на МПЦ во 1967г.
- Со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен туку е и наменски, легитимен и реален.
Во дијалогот за нивниот иден и евентуален конечен канонски статус, СПЦ ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковно- политички“ и други слични факти.или за еднострани иницијативи и не се предмет на ничие влијание или притисок;
Во соопштението Синодот потенцира дека нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и дијаспората. Но даваат препорака МПЦ ОА нејзиното официјално име да го реши во директен братски дијалог со Хеленските и други помесни православни цркви.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
