Loading Video...
Фудбал
6. јуни 2022 - 15:17
Победата над Гибралтар е веќе минато, сега сите мисли насочени кон дуелот со Грузија
По двата одиграни натпревари на гостински терен, најдобрата македонска фудбалска репрезентација се враќа во Скопје, каде ја очекуваат два нови дуели во Лигата на нациите.
Со четири освоени бодови по дуелите со Бугарија и Гибралтар, македонските фудбалери ќе ги дочекаат средбите со Грузија и Гибралтар, пред своите симпатизери во Скопје.
Сигурно пропуштивме шанса, особено во дуелот со Бугарите, да прокнижиме уште два бода, кои може да се покажат како значајни во конечниот пласман, имајќи во предвид дека Грузијците на своето конто имаат максимални шест бодови.
Како што истакна и селекторот Милевски по средбата со Гибралтар, најважни се бодовите.
Следните ќе ги бараме токму против Грузија, која вчера ја демолира Бугарија и тоа на гостински терен со 5-2.
Задачата нема да биде нималку лесна, па затоа Милевски и неговите избраници веднаш по враќањето од Гибралтар се фатија за работа. Натпреварот од 3.коло против Грузија ќе се игра на арената „Тодор Поевски“ веќе во четврток
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->