Сто и дванаесетти ден од војната во Украина
Сто и дванаесетти ден од војната во Украина. Главните битки се водат во областа Северодонецк и Славјанск. Украинците тврдат дека уште околу 500 цивили се кријат во хемиската фабрика „Азот“. Руското Министерство за денеска најави отворање на хуманитарен коридор за евакуација на цивили од таа фабрика. Русија им порача на украинските борци во Северодоњецк да го положат оружјето откако ја зајакнаа својата позиција во битката за контрола на источна Украина.
Украина бара од Западот засилување во форма на тешко оружје, откако Русија испрати голем дел од својата огнена моќ во источната покраина Донбас. Ова барање на Украина секако ќе биде тема на состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе се одржи во Брисел.
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на француските и сојузничките трупи во базата на НАТО во Романија изјави дека ќе направи се за да го запре напредувањето на руските сили во Украина.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е повикан да учествува на Самитот на Алијансата во Мадрид што се одржува за две недели.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
