Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги пристигнаа во посета на Киев
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги од Италија пристигнаа во Киев.
Макрон во Киев рече дека тој и лидерите на Италија и Германија одамна биле фокусирани на ситуацијата уште пред да ја реализираат оваа посета која се планираше неколку недели.
Важен момент кој ќе го искористат за да испратат порака за единство до украинскиот народ и да разговараат за сегашноста и иднината имајќи предвид дека следните неколку недели ќе бидат доста тешки. Планирано е да го посетат и местото на воениот масакр. Ќе се сретнат и со претседателот на Украина за прв пат откако почна воената инвазија.
Оваа посета е еден ден пред Европската комисија да го усвои мислењето дека Украина ќе добие статус на кандидат за ЕУ, нешто што најголемите земји не сакаа да го сторат.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
