Бугарската црква влезе во канонско единство со МПЦ-ОА, Порофириј во посета на Охрид и Струга
Синодот на БПЦ одлучи да го признае канонскиот статус на МПЦ ОА. Откако ги разгледале писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ ОА и од Српскиот патријарх, се согласиле да се приклучат кон одлуката на вселенската патријаршија. БПЦ и натаму смета дека за официјалното име дополнително треба да разговара Синодот. Инаку БПЦ ја нарекува Православна црква во Северна Македонија.
Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да биде дополнително разгледано.
Засега нема најава за заедничко сослужување. Со оваа одлука бугарската црква е 4та која го призна канонскиот статус. Во меѓувреме српскиот патријарх Порфирије е во посета на неколку светилишта во Струга и Охрид. Српскиот Патријарх при посетата увидел дека на луѓето во овие краишта најважно од се им било да ја сочуваат својата православна вера низ вековите.
Ова е второ доаѓање на српскиот патријарх откако вселенската Патријаршија на 9 мај одлучи да ја тргне шизмата и да го признае канонскиот статус на македонската црква по што следеше заедничка богослужба на МПЦ И СПЦ. Минатата недела поглаварот г. г. Стефан сослужуваше во Вселенската Патријархија и побара од Патријархот Вартоломеј томос за автокефалност на црквата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
