160 пациенти чекаат на листата за орган од кадавер
Повеќе од 4 децении, три дена во неделата Стојче Цековски од Крива Паланка постојано оди на дијализа. Во далечната 1979 година за прв пат бил вклучен на апаратот за прочистување на крвта. Како 20 годишен млад човек очекувал дека ќе добие бубрег и ќе се спаси од дијализерот. Но денес на 64 години Стојче веќе нема надеж за трансплантација. Не знае колку неговиот организам и со други дијагнози ќе може да издржи таква интервенција.
-Прво патував за Скопје на дијализа. Потоа 14 години одев во Куманово и еве сега на дијализа одам во родниот град. Се навикнува човек и мора да бори со предизвиците, вели Стојче Цековски – пациент на дијализа.
Стојче поради дијализата се откажал и од факултетот и не станал градежен инженер. Вели дека се научил на ваков живот а и покрај бројните здравствени проблеми, сепак наоѓа време за дружби. За разлика од Цековски кој немал донор, Ѓорѓи Пеев од Бугарија живее со две транплантации. Добил срце од кадавер и бубрег од неговата мајка.
-Сега живеам нормално, работат, го гледам семејството и мојот син. Впрочем, мојата транплантација на срце беше на денот на роденденот на мојот син – полеше 5 години и тоа беше многу емотивно. Секој човек што имал трансплантација треба да биде рамноправен со сите и секако да има повеќе трансплантации.
Во Македонија повеќе од 160 пациенти на дијализа чекаат бубрег од кадавер.
-Треба да има повеќе трансплантации од кадавер, оваа листа од 160 може е и поголема што чекаат бубрег од починат донор, вели Душко Ѓорѓиев претседател на здружение Нефрон.
Од денеска до недела, дијализирани и трансплантирани пациенти од Македонија и регионот ќе се дружат и ќе разменуваат искуства на вторите меѓународни средби во организација на Нефрон.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
