ЛДП и ДОМ вечерва ќе носат одлука - Лидерите очекуваат да се каже „не“ за француската рамка
Тројцата пратеници од владејачките ЛДП и ДОМ најверојатно нема да го стиснат зеленото копче за фрацускиот предлог. Лидерите на овие две партии велат дека поголем број од членството е против, меѓутоа, конечната одлука ќе ја имаат вечерва по пдржување на централните партиски одбори.
- Секако, одлуката ќе биде на Централниот одбор на партијата. Меѓутоа од информациите и контактите што ги имам со луѓето од ДОМ, мислам дека нема да добие поддршка францускиот предлог. Меѓутоа да не прејудицирам, вечерва конечна одлука ќе има на ЦО, вели Маја Морачанин претседател на ДОМ.
- Централниот одбор вечерва ќе одлучува за францускиот предлог иако досега најголемите општински организации се изјаснија против. Но ќе ја почекаме одлуката на централниот одбор дали ќе кореспондира со ставот на членството, изјави за Сител Горан Милевски, претседател на ЛДП
Пратеникот и лидер на Демократски сојуз ги доставил заклучоците од работната група која очекува да продолжи со работа и понатаму и преку расправа во Собранието да стигнат до поширок консензус, а не да има поделба на парламентот.
- Клучно е да има заклучоци прифатливи за парламентот, за сите политички партии...ако бидат прифатлици ако има поширок консензус ќе бидеме за. Нема да учествуваме за поделба на парламентот за ова суштинско прашање, изјави Павле Трајанов, претседател на ДС
Помалите коалициони партнери во власта уште на почетокот остро реагираа за францускиот предлог барајќи суштински корекции и да не се задира во индентитетски прашања.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
