Десет милиони денари ќе чини санацијата на мостот на реката Брегалница кај с.Долни Балван
Министерството за локална самоуправа издвои 5,8 милиони денари за санација на мостот на р. Брегалница кај с. Долни Балван. Средствата се обезбедени преку програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот од 4,2 милиони денари од 10 милиони, колку што се предвидени со проектот за санација, ќе бидат обезбедени од касата на општина Карбинци.
Градоначалникот Виктор Паунов информираше дека, веднаш ќе започнат со тендерска постапка за избор на изведувач, а веќе на почетокот на месец септември, ќе се започне со градежните работи. Крајниот рок за финализација е средината на декември.
Статиката на главните носачи беше нарушена од надојдените води на реката во декември минатата година, поради што на средината од мостот е направена длабнатина од неколку сантиметри.
- По извршениот инспекциски надзор, од безбедносни причини мостот е забранет за сообраќај. Меѓутоа, мештаните на сопствен ризик често ја игнорираат забраната, зашто овој мост ги поврзува повеќето населени места од општината со регионалниот пат Штип-Кочани. Кога ќе стартува санацијата, ова пракса ќе мора да престане - стенд ап
Во меѓувреме беше извршено дислоцирање на речното корито од главните носачи, што е првиот чекор за да се земат потребните мерки за геомеханички испитувања и изработка на проектната документација.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар