Loading Video...
Фудбал
26. July 2022 - 20:05
Динамо ќе игра под голем притисок против Шкупи
Вечерва во 21ч. на Арената Тоше Проески македонскиот првак Шкупи ќе се обиде да го елиминира славниот хрватски клуб Динамо со кого во Загреб одигра 2-2.
Тренерот на „модрите“ Анте Чачиќ на прес конференцијата истакна дека хрватските медиуми премногу го потцениле Шкупи и дека во модерниот фудбал нема фаворити. Чачиќ истакна дека очекува подобра игра на неговиот тим во однос на првата средба и пласман во следната рунда но потврди неколку пати дека нема да биде лесно бидејќи противникот нема што да загуби против големиот фаворит.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->