Македонија
31. July 2022 - 16:39

Парцелите за изградба на станбени згради најатрактивни на аукциите во Штип и Кочани

Над 1 милиони евра ќе инкасираат општините Штип и Кочани од продажба на градежни парцели. На последното јавно наддавање во Штип продадени се 10 парцели со вкупна вредност од 54 милиони денари или 887 000 евра. Почетната цена за сите 10 градежни парцели беше различна и се движеше од 61 денар до 1635 денари за метар квадратен.

Највисока цена се постигна за градежна парцела 36.23 која што е со намена домување во колективни стамбени згради и се наоѓа во населба Сењак. За оваа градежна парцела купопродажната цена достигна до 40.692.500 денари или 663 825 евра - изјави Лазар Хаџи Николов, раководител на одд. за Урбанизам - ЛС - Штип 

Најниската цена ја платил граѓанин кој купил парцела за изградба на куќа во населбата Баби во вредност од 36 000 денари. На јавната аукција во општина Кочани, продадени се 4 од вкупно 10 понудени градежни парцели за индивидулно домување. Во наредниот период во општинската каса ќе се слеат 80 % од вкупно 1,4 милиони денари, за колку што беа продадени парцелите.