Loading Video...
Фудбал
23. August 2022 - 10:52

Манчестер Јунајтед го доби дербито против Ливерпул

 
Манчестер Јунајтед го доби дерби дуелот против Ливерпул во рамките од 3.коло на англиската Премиер лига. 
 
откако во првите две кола Јунајтед беше двапати поразен, а Ливерпул двапати одигра нерешено, на дуелот одигран на „Олд Трафорд“ двата тима влегоа со императив на победа. 
 
Мотив повеќе очигледно имаа домаќините кои со головите на Санчо и Рашфорд стигнаа до првата победа, додека Салах беше стрелец на голот за Ливерпул кој првата победа ќе ја бара во мечот против Борнемунд закажан за во сабота на „Енфилд“.