Македонија
25. August 2022 - 16:33

Заврши повторениот увид на автопатот „Струма“

Девет месеци по кобната несреќа каде изгоре автобусот на БЕСА ТРАНС вештаците повторно излегоа на терен. На три километри пред и на местото на несреќата се проверуваат условите, знаците и површината на коловозот, како и се што е изменето по сообраќајката. Претставници на Автомагистрали, роднини на починатите и повредените, нивниот адвокат беа присутни на увидот на магистралата Струма кој траеше околу еден час. Сомнежот кај оштетените дека не е виновен само возачот туку дека  имало недостатоци и на патната делница е причина за повторениот увид. Адвокатот Николај Димитров кој ги застапува оштетените е задоволен како минал увидот и верува дека ќе докаже дека вина има и агенцијата за патна инфраструктура.

Откако бугарските истражни органи констатираа дека неприлагодената брзина била причина за несреќата, оштетените  покренаа приватна истрага. Доколку се докаже дека на автопатот имало недостатоци во однос на знаците, површината на коловозот, заштитната ограда и слично ќе бараат оштета од Автомагистрали и осигурителот во висина од неколку милиони евра. Во автобусот на БЕСА транс на 23 ноември трагично загинаа 45 патници, меѓу кои и возачот а седуммина беа потешко повредени.Заврши повторениот увид на автопатот „Струма“