Loading Video...
Фудбал
25. August 2022 - 17:46
Шкупи брка негатива против Балкани за влез во групната фаза на Конференциската лига
Со негатива од 1-2 по првата средба одиграна во Скопје, фудбалерите на Шкупи вечерва ќе го започнат реванш дуелот против Балкани, во плејофот на Конференциската лига.
Доколку сакаат да направат историски успех и да се пласираат во групната фаза, избраниците на тренерот Гоце Седлоски, ќе мора да одиграат далеку поефикасно отколку на првата средбата на која создадоа бројни шанси но постигнаа само еден гол.
Така на чаирчани за остварување на целта потребна им е победа со најмалку два гола разлика.
Ќе биде ли така останува да се види по завршувањето на средбата, која ќе започне во терминот од 20 часот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->