Loading Video...
Фудбал
25. August 2022 - 17:46
Македонија остана на 64 место на ФИФА ранг листата
Светската фудбалска федерација денеска го објави најновото рангирање.
Имајќи во предвид дека изминатиот период немаше настапи, најдобрата фудбалска селекција на Македонија остана на 64.место на ФИФА листата.
Нашите противници во претстојните септемвриски натпревар во Лигата на нациите Бугарија и Грузија се зад нас.
Бугарите со кои ќе играме во Скопје на 26 септември се на 74 место, додека Грузијците на кои им гостуваме, три дена порано (23 септември), се наоѓаат на 82 место.
На врвот останува Бразил пред Белгија и Аргентина, а во топ 10 уште се и: Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->