Македонија
26. August 2022 - 16:43

Македонските владици го поздравија признавањето на МПЦ-ОА од страна на руската православна црква

МПЦ ОА ги стопи суетите помеѓу двете најголеми православни цркви смета Владиката Пимен по веста дека Руската православна црква ја призна МПЦ ОА . Овојпат испаѓаме алка што спојува одлука на православниот свет, а не камен на сопнување смета владиката и вели ова е силна порака за славјанскиот блок на цркви да се придружи кон прифаќањето на препораката.

Радосната вест е се поблиску вели портпаролот на Синодот за Сител и додава дека  очекуваат наесен и официјално Вселенската Патријаршија да издаде Томос за автокефалност на МПЦ ОА .

Одлуката на Руската православна црква ја поздрави и директорот на комисијата за односи меѓу верниците.

Нека православното братољубие биде посилно од поделбите и суетите , нека донесе мир, а нашата древна МПЦ- ОА нека се радува за големите дарови кои ни ги донесе оваа 2022г.

Руската православна црква во одлуката пишува дека го признава автокефалниот статус на сестринскта црква , онака како што одлучи Синодот на СПЦ. Во официјалното соопштение стои дека биле добиени две писма, едно во јули од Архиепископот Охридски Македонски Стефан и второто од српскиот патријарх на 8 август.

„ Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси“

За разлика од нив, грчката и бугарската православна црква ја прифатија одлуката на Вселенската Патријаршија за канонско прифаќање на Охридската Архиепископија  и заедничко сослужување, се до конечното издавање на томосот за автокефалност. Оттаму и сугерираа дека за административното име на црквата ќе треба да се постигне договор меѓу МПЦ ОА и СПЦ.