Дали е „безбедно“ името на МПЦ-ОА?
МПЦ ОА не стравува за своето име велат од Синодот за Сител. Разговори околу името не се водат напротив велат тоа е решено со документот на СПЦ за признавање на македонската црква под нејзиното целосно име.
Како е на хартија а како се договориле меѓу себе црквите не е докрај прецизно, бидејќи и покрај документот од СПЦ, при вчерашната богослужба во Херцег Нови за празникот Богородица, Српкиот Патријарх Порфирије го нарече поглаварот на МПЦ ОА , Архиепископ на Северна Македонија, а не Архиепископ Охридски и Македонски.
Познавачите на црковните прашања сметаат дека со ваквите изјави СПЦ тактизира за да не ги наруши односите со вселенската, грчката и бугарската црква.
Набројувањето на Архиепископите при богослужба е израз на единство на православната црква. Но не сите цркви го почитуваат редот, ако се земе примерот на Руската ПРавославна Црква. И покрај одлуката за признавање на автокефалноста на МПЦ ОА , Рускиот Патријарх Кирил на последната литургија воопшто не го спомена Архиепископот Стефан, поради проблемите со Украина тој користи општа формулација, споменувајќи ги само како поглавари на помесните православни цркви.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
