Македонија
11. September 2022 - 21:17

Мицкоски: Половина милијарда недостасува за справување со кризата

На земјава ќе и недостасуваат половина милјарда евра за да се справи со енергетската криза, смета лидерот на опозицијата Мицкоски. Според него, Владата немa статегија, ниту план за излез од кризата,  а мерките кои ги носи не му помагаат на стопанството.  Сметките за струја се енормно високи, на јавните претпријатија третина од остварените приходи им  оди за струја,  што значи неминовно ќе биде поскпаување на нивните услуги

Еве до мене е и градоначалникот на Прилеп, директно можеме да посведочиме за огромни потешкотии во работењето на комуналните претпријатија во водоводите и така натаму, поради високите сметки на струја. Тие само сметката за струја е за 30 проценти од вкупниот приход  за месец јули и месец август, за месец септември.

Значи само сметката за струја, не зборувам за трошоците кои што се поврзани со оперативното работење на комуналните претпријатија и на водоводот. Замислете ако вие имате сметка за струја која што 20, 30,40 проценти го надминува приходот на вашето претпријатие, а Владата ве остава на милост и немилост, вие што треба да направите?, вели Христијан Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ пак сметаат дека Владата има јасен план и презема конкретни чекори  за полесно справување со последиците од кризата.  Ја ограничи трговската маржа на 10%, со што, според нив, ќе им се излезе во пресрет на  фирмите, училиштата и другите субјекти кои се снабдуваат со електричан енергија на  слободниот пазар. Сепак, бизинисот бара конкретни мерки. Даночниот експерт Павле Гацов објави кшто преземаат одредени држави за да им помогнат на граѓаните и стопанството.

 Енергетски  ваучери, субвениции за енергија, ослободување од ДДВ то  за струја и гас, намалување на тарифите за гас и електричан енергија до средината на 2023 та, инвестициски субвенции, се само   дел од мерките на   Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Германија, Франција, Италија, Холандија и многу други.

Од соседните земји, Србија вети дека ќе ги награди тие што ќе штедат, така што ќе им ги намали сметките за струја, зависно од заштедата на потрошената електрична енергија ,а  Хрватака и Црна Гора го укина ДДВ за инсталирање соларни панели.

Европа веќе стравува од високите сметки за струја. Едно домаќинство , според нивните анализи,   во 2023 та година ќе плаќа по 500 евра сметка за електрична енергија, сума која е тројно повисока од лани, односно кога плаќаа по 160 евра месечно.