АДКОМ со последно предупредување до Владата
АДКОМ со последна опомена Владата да им помогне претпријатијата да ја надминат енергетската криво во спротивно над милион граѓани може да останат без вода за пиење. Дополнително, стравуваат дека над 15 илјади вработени во комуналните претпријатија може да останат на улица. се заканува да останат без работа. Со новите цени, им пристигнале сметки за 10 пати повисоки од досега. Бараат од државата и регулаторната комисија да им овозможи да ја плаќаат струјата по иста тарифа како домаќинствата за да можат да функционираат.. Втората опција велат е финансиска помош од Владата со која ќе ја покријат разликата.
Претседателот на Регулаторна пак се осврна на проблеми со загуби на водата кои на долг рок ги правеле претпријатијата не одржливи. На дебатата ги обвини и за ефтин популизам, бидејќи до сега сите ја одбирале минималната понудена тарифа за одредување на цената на водата. Беслимовски предлага РКЕ да одредува единствен ацена за услугите на јавните претпријатија.
Поддршка добија од сите синдикални здруженија. На дебатата беше присутен и претставник од кабинетот на премиерот, кој рече дека е дојден за да ги сослуша по што ќе ги пренесе нивните ставови на повисоко ниво.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
