Македонија
14. September 2022 - 16:36

Анализа: Може ли спикерот да толкува Устав?

Спикерот Џафери го занемарува целокупниот државен систем и постапува како да е тој на чело на сите институции. Вака проф. Д-р Саво Климовски го оценува потегот со кој собранискиот спикер ја отфрли иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за референдум. Климовски оценува дека содржината на иницијативата можеа да биде и посолидно срочена но сепак, спикерот не е тој кој оценува уставност за тоа има повисоки судски инстанци. Оваа постапка може да се оценува пред уставниот суд, но професорот не верува дури и да има таква иницијатива од опозицијата, уставните судии дека би  постапиле објективно.

Собранието се претвори во пашалак  на спикерот Џафери оценуваат аналитичарите. Со самоволието кое го покажува многу пати на дело, само станува уште појасно зошто е толку девалвирано Собранието кое се повеќе личи на обложувалница. Спикерот поттикнал  да се продлабочи политичката криза а со последната постапка уште повеќе ги намалил  шансите да поминат уставните измени од кои зависи отворањето на првото поглавје за преговори.

Голем број аналитичари го осудија образложението со кое Џафери ја отфрли иницијативата и сметаат ова треба да заврши на уставен суд. Одлуката треба да биде на Собранието а не на неговиот претседател, не само од правен туку и од демократски аспект. Од формално правен аспект познавачите велат дека немало пречки барањето на опозицијата да се стави на гласање. 

Спикерот Џафери вчера се повика на Уставот и образложи дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.