Арсовска во отворена војна со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ бара да одговори со кого таа соработувала во постапката
Политички ринг во советот на Град Скопје меѓу градоначалничката Арсовска и советниците од ВМРО ДПМНЕ. На прашањата на советникот од ВМРО ДПМНЕ Галевски за тендерот од 136 милиони евра, дали таа е поврзана со лице од фирмата која учествува на тендерот, наместо одговор Арсовска упати обвинувања кон Мицкоски, кого го нарече шпицен градоначалник.
По ова таа си замина од седницата и повеќе не се врати.
Пресметката помеѓу Арсовска и ВМРО ДПМНЕ советниците од СДСМ ја нарекоа фарса.
Претседателот на советот ја повика Арсовска да се врати за лично да им одговори на прашањата на советниците, но таа не го направи тоа. Градоначалничката и пред новинарите со иститот став, наместо одговори за тендерската постапка, таа го обвинуваше Мицкоски за криминал.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
