Македонија
19. September 2022 - 16:33

Изгоре напуштен објект кој го користеле бездомници во пожар во центарот на Скопје

Уште еден голем пожар во центарот на градот. Пламенот повторно избувна во стара и напуштена барака. Пожарникарите со потешкотии пристапија до објектот каде пламенот дивееше. За среќа немаше жртви. Спречена е штета на околните станбени згради и дуќанот кој е лепенка со бараката.

Ромското семејство кое живеело во оваа барака било диво населено . Во шок од инцидентот тие веднаш го напуштија местото.

Градоначалникот на Центар вели дека неколку пати било интервенирано за нивно исселување.

Токму до бараката има градежно земјиште за кое Герасимовски вели има одобрение од општината. Тој го отфрла сомнежот дека се работи за исцениран пожар бидејќи и на местото од бараката има маркица за градба.

Околу два часа беше блокиран и булеварот 11 октомври за да се обезбеди простор за интервенција. Ова не е прв пат на територија на општина Центар, да избувне голем пожар во стари и напуштени објекти. Таков бешше случајот со поранешната фабрика  Треска, пожарот во бараките на Судот, во градски парк, а гореа и бараките на ЈП „УЛИЦА И ПАТИШТА“ .