На земјоделците им треба подобра промоција
Македонија има квалитетно земјоделско производство, но потребна е поголема промоција. Преку подигање на свеста за купување на домашните производи директно се поддржува и земјоделскиот сектор кој има важен удел во целокупната економија. Ова беше една од главните пораки испратена од вториот агро саем што се одржа во Струмица,а на кој учествуваа околу стотина излагачи од земјата и странство.
Саемот доби поддршка и од ресорното министерство за земјоделие од каде што велат дека преку програмите што ги имаат во континуитет ги поддржуваат иницијативите за развој на земјоделско производство и неговата додадена вредност.
Освен производители, на саемот учествуваа и претставници од научните институции, производители на семенски материјали и увозници на земјоделска механизација кои ги презентираа новините во овој сектор.
Во рамки на саемот се одржа и панел дискусија на тема Иднината на македонското земјоделие, а се одржаа и стручни предавања посветени на пчеларите и градинарството.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар