Македонија
10. October 2022 - 16:39

Почна пријавувањето за вакцини против сезонски грип иако вакцини се уште нема

Од денеска граѓаните можат да се пријават за вакцинација против сезонски грип. Ова важи само за 40 000 бесплатни вакцини што ги набави Министерството за здравство а кои се уште не се стигнати во земјата. Преку матичен или сами, препораката е за сите ризични групи на граѓани. И додека во соседните земји веќе истрошиле илјадници дози за заштита на населението, кај нас надлежните велат навреме ќе почнеме иако немаат детална информација.

-Во Србија почнаа пред две недели, кај нас ништо нема никаква информација а пензионери доаѓаат и прашуваат но немаме инфо да им кажеме. А добро е пензионерите да бидат заштитени, вели др. Ирена Витановска специјалист по семејна медицина.

Епидемиолози веќе апелираа зошто вакцини за грип да немаме уште во семптември за навреме да бидат заштитени граѓаните. Засега во институтот нема регистрирано случај на сезонскиот вирус но затоа ординациите се полнат со пациенти со респираторни инфекции. Клиничката слика им трае краток период но бројот и поради временските услови е доста зголемен.

-Јас очекувам поголем број на респираторни заболувања од загадувањето, меѓутоа доста луче пребродеа многу вируси така да имунитет се створи, вели др. Витановска.

Грипот, ковидот и загадувањето...сите ќе бидат причини за полнење на ординациите во следниот период, предупредуваат лекарите.