Македонија
10. October 2022 - 16:44

Популистички и задоцнети мерки оценуваат експертите, потребна е конкретна помош

Задоцнети и популистички, мерки само за гасење на социјалниот пожар.  Вака експертите го оценија  пакетот антикризни  мерки каде помош има само за пензионерите и ранливите граѓани. Во време на речиси  20 процентна инфлација се очекуваше помош за сите граѓани.  Веќе е доцна за се,  со магично стапче не се  прават ефикасни  мерки, велат експертите

Ние сме во фаза на рециеја и висока инфлацијата. Што значи сме во стагнација и многу брзо може да влеземе во стагфлација., изјави Абил Бауш, универзитетски професот.

Помош, покрај за граѓаните мора брзо да се најде и за компаниите. Не за сите, туку за најпогодените сектори.  Економската активност кај нив опаѓа, а високите сметки за струја им прават  дополнителен притисок.

Во време кога парите се скапи, самата влада мора да најде  начин да штеди.

Ниту продолжувањето на летното сметање на времето нема да има ефект во заштедата оценуваат консултантите.

Чекајќи ја ветенета владина помош,  дел од големите капацитети привремено запреа  со произвдоство.

Рудниците Бучим и Боров дол, каде работат речиси 700 лица од септември не работат, а со гасење на печките почна и кавадареци Фени. Таму вработени се 800 лица.  Следен е Макстил.