Ковачевски и Бесими во Абу Даби во потрага по евтини кредити
Ќе успее ли земјава да обезбеди евтини кредити по тек на Србија? Премиерот Ковачевски, заедно сo министрите за финании, земјоделие и транспорт и врски од денеска се во Обединетите Арапски Емирати. Ќе имаат средба со потенцијални инвеститори и со претставници на инвестициски фондови, пишува во официјалното владино соопштение. Неофицијално – ќе се бара кредит , со ниска камата, како што во септември обезбеди претседателот на Србија, Вучич. Од Емиратите донесе милијарда долари, со камата од само 3 отсто.
Минатаат недела во гостување на Сител, министерот за финансии откри дека во Абу Даби ќе се сретне со потенцијален инвеститор на меѓународниоте пазари, каде би се издала нашата еврообврзница следната година
Инаку, во моментов се подготвува предлог буџетот за следната година, кој ќе биде преставен до крајот на месецов. За оава година, според инистерот Бесими, обезбедени се пари за финасирање на буџетот и нема потреба од нови задолжувања. Од домашните банки сме зеле 450 милиони евра кредити, а од странките 410, од кои 250 милиони евра од Дојче банк, 50 од Ерсте и уште 110 од ММФ.
Значи вкупното задолжување достигна 860 милиони евра. Бесими вели дека и следната година ќе биде тешка, за што ќе ни бидат потребни повеќе пари одколку оваа
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
