Со пари на паценитите бил платен долгот кон ЦЈЗ, Сали ги чека адвокатите за отштетата од 8,5 милиони евра
Крателе од програмата за имунизација и од парите наменети за реконструкција на јавни здравствени установи за да го исплатат милионскиот долг кон Центарот за јавно здравје во Скопје. Беким Сали потврди дека Министерството за здравство со внатрешни ребаланси ги обезбедиле финансиите кои извршител им ги зема од сметка. Првиот човек во здравствениот систем вели тоа не било на штета на пациентите, но прашање е зошто тие пари не биле искористени за предвидената намена.
-Не е на штета на пациентите, тоа се неискористени пари и секоја година се прават ребаланси, вели Беким Сали, министер за здравство.
Ребалансот на програмите бил неопходен откако скопскиот центар за јавно здравје со извршител го наплатил милионскиот долг од министерството за услугите направени за време на поплавите во Стајковци. Дали сметката во следниот период ќе биде испразнета за уште 8,5 милиони евра колку што бара исплата на пенали италијанската фирма што требаше да го гради клинички, Беким Сали ќе ги чека прво адвокатите на Инсо да дојдат во земјата.
-Испративме барање да дојде адвокатскиот тим во земјата да видиме што бараат бидејќи има некои нејаднотии со фирмата, таа што требала да гради ги продала акциите на друга и со новата фирма немаме директна комуникација туку само со адвокатите. Со одење на арбитражен суд очекуваме да помине време пред да биде исплатата, вели Сали.
Во време на економска криза кога јавните здравствени установи имаат стотина милиони евра долг, од сметката на нивниот работодавач се одлеваат пари за заостанати долгови наместо да има инвестиција во апаратура.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
