Граѓанскиот надзор клучен за реформите во безбедносниот систем
Посебен закон за надзор на безбедносните служби е потребно да се направи во склоп на реформите за безбедносно разузнавачкиот систем. На панел дискусијата во рамки на годишната конференција на ДЦАФ, првите луѓе на службите истакнаа дека процесот е во тек и голем дел од потребните измени веќе се реализирани. Досега се направени крупни чекори особено во делот на следењето на комуникациите, но неопходна е поголема проактивност во делот на надзорот, пред се граѓанскиот надзор.
- Надзорот и контролата на безбедносните и разузнавачките служби и нивната реформа е комплексна работа, меѓутоа е многу важен процес. Парламентот претставуваше посветен партнер во овој процес. Ние очекуваме постоечкото законодавство за следење да биде променето, со цел комисиите за надзор во Парламентот да функционираат подобро и Советот за граѓански надзор да биде целосно функционален. Создавањето „заштитена соба“ треба да се случи без понатамошно одложување изјави Дејвид Гир.
Според претседателот на собраниската комисија за надзор на безбедносните служби истакна дека треба овие институции да водат повеќе сметка за транспарентноста но укажа дека се потребни измеи во прецизирање на поимот државна тајна.
Агенцијата за разузнавање поставила неколку цели на кои работи во согласност со реформите, директорот истакна дека промените се генерално завршени, но се работи за процес кој постојано се надградува.
По информациите дека соседна Грција доби помош како компензација за воената опрема што ја испрати во Украина, министерката за одбрана истакна дека нашето министерство добило поголема финансиска поддртшка за земјава, но не како директна компензација.
За оваа година, до овој момент на РСМ и е доделена финансиска помош од 78 милиони долари. Ова е поприлично голема сума финансиски средства споредено со сета помош што претходно ја имаме добиено, рече Петровска по Годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) изјави Славјанка Петровска
Македонија засега нема донесено нова одлука да испрати воена помош за Украина, иако н аминатонеделниот состанок на министри за одбрана во Брисел до земјите била доставена листа на потребна опрема.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
