Loading Video...
Фудбал
26. October 2022 - 19:51

Пораз на Струга, победи на Силекс, Шкупи и Шкендија за мешаница на врвот

Екипата на Силекс забележа значајна победа од 1-0  против домашниот Работнички со што успешно ја продолжува трката за врвот на табелата. 
Гостите од Кратово беа подобар противник и ја искористија шансата во 22 минута кога Обадовиќ го лобуваше Алексовси  и го постигна голот што го реши победникот. 
По водството Силекс повторно ја имаше иницијативата но промена на резултатот немаше до крајот на средбата. 
Изненадување во Прилеп каде домашната победа славеше со 2-0 против лидерот на табелата Струга Трим Лум и тоа со двата гола на Мазари кој во финишот имаше шанса да запише и хет-трик. 
Овој пораз на Стружани го искористија Шкендија, Шкупи и Силекс да се доближат на само три . односно четири бода до лидерот на табелата. 
ПРВА ЛИГА 12. КОЛО
Работнички – Силекс  0-1
Шкупи – Тиквеш  4-2
Победа – Струга ТЛ  2-0
Скопје – Шкендија 0-1