Loading Video...
Балкан
31. October 2022 - 16:35

Дојави за бомби во Белград

Нови дојави за поставени бомби на повеќе локации во Белград. Тамошната полиција информираше дека на мејловите на повеќе медиуми стигнала информација дека на 12 локации меѓу кои студенстки дом, факултети  трговски центри, аеродромот ... има 50-тина бомби.

“Блиц” пишува дека на нивниот мејл стигнале заканувачки пораки дека ќе има крв до колена! И понатаму сте Путинов тројански коњ во Европа.

Српското МВР информираше дека антитерористички екипи веднаш излегле на терен и ги проверуваат посочените локации.

Србија од март годинава се соочува со многу анонимни пријави на бомби преку електронска пошта кои се покажаа како лажни.

Пролетта беа евакуирани голем број училишта, трговски центри, деловни згради, аеродромот, но полицијата се уште не откри кој стои зад стотиците дојави.

Минатата недела неколку дена по ред пријави за бомби имаше и за во неколку скопски училишта.

Овие случаи не се расчистени, но министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека пораќите се испратени од странство.