Македонија
1. November 2022 - 16:37

Синдикатот со ново барање за разрешување на директорот на „Водовод“

Синдикатот на Водовод и ССМ бараат итно разрешување на в.д директорот на Водовод бидејќи тој како што објавија бил осудувано лице. Од загрижени граѓани добиле извештај дека в.д директорот има и документ кој докажува дека тој има дијагноза за психичко растројство. Велат вработените стравуваат за нивната безбедност а загрижени треба да бидат и граѓаните на Скопје порачаа од синдикатот.

Во последната недела покренати биле повеќе од 40 дисциплински постапки кон вработени, од синдикатот обвинуваат дека врз вработените  секојдневно се врши мобинг за што ќе поднесат и тужби. Доставија писмо до градоначалничката со кое бараат   итна средба за да ги соочат аргументите за разрешување на директорот на ова претпријатие.

Директорот на вонредна конференција ги негираше обвинувањата дека покренал дисциплински постапки, дека избркал редовно вработени и тврди дека документот за дијагнозата бил доказен материјал во судска постапка за мобинг кој бил извршен врз него. Митовски вели за тој случај, не добил никаква поддршка од синдикатот.

Директорот не дозволи прашања од новинарите кои бараа да одговори на обвинувањата од вработените.

Синдикатот донел одлука за штрајк но  согласно законот прво ќе следи постапка за медијација која ќе трае 10 дена.