Фудбал
9. November 2022 - 19:55
Службена победа за Шкендија, суспендиран теренот на Шкупи
Само 10 минути фудбал попладнево на Чаир каде гостуваше Шкендија во рамките на националниот куп. По водството на гостите дел од навивачите влегоа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери. Брзо реагираше и ФФМ која го суспендираше теренот на домашниот тим и го регистрира натпреварот со службен резултат . 3-0.
Вистински хаос на теренот во Чаир се случи кога гостинскиот играч Дашмир Елези постигна гол за Шкендија и се израдува пред навивачката група Шверцери по што неколку лица влегоа на теренот и ги нападнаа фудбалерите од Тетово а беа фрлани и предмети и пиротеника. Настана хаос во кој не се гледаше кој кого удара. Фудбалерите на Шкендија се бранеа со помош на домашните фудбалери а експресно реагираше и полицијата и специјалците кои спречија поголем инцидент.
По ова мечот по само 10 минути игра беше прекинат а ФФМ на итна седница на натпреварувачката комисија го суспендираше теренот на Шкупи кој следните првенствени и куп средби ќе мора да ги игра на стадион 100 километри одалечен од Скопје.
Клубот е предаден на дисциплинската комисија и сигурно ќе има и високи парични казни.
Според последните информации Министерството за внатрешни работи привело тројца навивачи од навивачката група Шверцери во полициската станица и по документирањето инцидентот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->