Фудбал
12. November 2022 - 19:59
Елмас и Несторовски стрелци во победата на Наполи против Удинезе
Во извонредно интересен натпревар Наполи го совлада Удинезе со 3-2 и успешно граби кон шампионскиот трофеј.
На овој меч блеснаа македонските репрезентативци Елмас и Несторовски кои постигнаа по еден гол за своите екипи.
Елмас беше асистент за првииот гол на домашниот тим кој го постигна Осимен а самиот го постигна третиот погодок за домашните откако претходно во листата на стрелците се запиша и Зјелински.
Кај гостите покрај несторовски гол забележа и Самарџиќ.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->