НЛБ Банка - патрон на болните од цистична фиброза
Со донација на 80 спирометри за домашна употреба, НЛБ Банка ја стартуваше функцијата како патрон на пациентите со цистична фиброза. За компанијата ова е општествена одговорност, за болните континуирана поддршка и сојузник во борбата со болеста.
- За овој чекор се одлучивме, бидејќи не веруваме во краткорочни решенија. Предизвикот со кој се соочуваат пациентите со оваа болест бара континуирана и конзистентна поддршка и пристап. Посветени сме на поддршка на локалната заедница, ова е најдобра можност да ја потврдиме нашата посветеност и да помогнеме на сите кои се соочуваат со оваа болест, изјави Бранко Грегановиќ претседател на УО на НЛБ Банка.
За Асоцијацијата за цистична фиброза, спирометрите значат контрола на здравјето и превенирање од несакани компликации.
- Колку е важна болничката грижа, условите, терапијата и лековите, толку е важен и социјалниот аспект, односно овие пациенти да бидат видени и прифатени во општеството, изјави Ивана Атанасоска претседател на Асоцијација за цистична фиброза.
Лекарите, пак, очекуваат скапата терапија да пристигне и во нашата земја а тоа ќе зависи од преговорите со здравствените власти.
– Терапијата во различни земји е со различна цена, во зависност од одлуката и од она што Министерството за здравство би можело да го обезбедува во континуитет. Цената не можам да ви ја кажам, цената се намалува со годините, а која цена ние ќе ја добиеме ќе зависи од преговорите, изјави проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. директор на Клиника за детски болести.
Прес-конференцијата беша завршена со симболично пуштање на 65 балони во воздух. Ова доаѓа откако на едно дете на кое му било кажано дека боледува од „Cystic Fibrosis”, разбрало дека има „65 рози”.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
