Loading Video...
Фудбал
25. November 2022 - 16:00
Сенегал му го нанесе вториот пораз на домаќинот Катар
Во рамките од А група, домаќинот Катар го претрпе и вториот пораз и тоа од Сенегал кој славеше победа со 3:1
Во финишот на првиот дел односно 41-минута, Сенегалците поведоа со голот на Дија Бујале.
По само три минути игра во второто полувреме (48.минута) Фамара Диедиу беше стрелец на вториот гол за Сенегал.
Со голот на Мунтари во 78-та минута, Катар намали на 1:2, но надежта на домаќините ја згасна Бамба Диенг со голот со 84-тата минута поставувајќи ги конечните 3:1 за Сенегал.
Со трите освоени бодови Сенегал ги задржа шансите за освојување на едно од првите две места што носат пласман во следната рунда.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->