Loading Video...
Свет
17. December 2022 - 16:34

Вучиќ: Никогаш нема да им ја дадеме Србија на тацна

Никогаш нема да им ја дадеме Србија на тацна порача денеска претседателот Вучиќ. 

На конгресот на СПС се осврна на барањето на кое се уште Србија не добила одговор од КФОР за испраќање на војска и полиција на Косово. 

-Мора да ја спасиме државата, ќе успееме да ги зголемиме платите и пензиите, инвестициите, странските инвеститори, се е важно да ја спасиме државата. Тешко е последниве неколку дена, од запад велат дека Приштина застанала, а 15 часа пред тоа влегле со пушки и правеле секакви работи. Се лажеа таму, ги апсат полицајците, и како Србија лаже и покажува долги цевки. Нема странец кој не не поканил. Ајде, тие ја сакаат Србија на тацна, а ние никогаш нема да ви ја дадеме Србија“.

За состојбата со Косово, министерот за надворешни работи Дачиќ порача дека е тешко да се разговара за трајно решение додека се луѓето на барикадите и се апсат Срби. 

Србија е подготвена за дијалог но има свои црвени линии и како политичка партија ќе му ја доверат целосно довербата на претседателот Вучиќ за носење на одлуките во заштита на националниот интерес.