Претенденти за директори излегоа на протест - не им се дозволува полагање
Кандидати за раководни позиции во основни и средни училишта повеќе од една година чекаат да полагаат за директори.
32-та сесија е поништена поради правни пропусти кои ги направила директорката на Државниот испитен центар и се уште не е закажано полагањето на третиот дел семинарски труд.
Согласно законот како в.д директори тие не може повеќе од предвиденото да се задржат на оваа позиција и се сомневаат дека надлежните намерно не ја организираат сесијата. Протестираа пред ДИЦ и најавија дека за овој случај ќе го известат обвинителството, а во крајна инстанца и Меѓународниот суд за човекови права.
Кандидатите и претходно протестираа бидејќи со месеци чекаа да полагаат испити и да биде организирана обука за која платиле по 500 евра.
Сител побара одговори но ниту поранешната ниту актуелната директорка не сакаа да дадат свој став за направените пропусти во реализирање на сесијата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
