Македонија
23. December 2022 - 16:35

Ќе има ли актуелни функционери на дополнетата црна листа?

Премиерот не ја исклучува можноста на „црната листа на САД“ да се најдат актуелни функционери. Истото вчера во интервју го кажа и Претседателот Пендаровски. Ниту шефот на државата ниту Ковачевски не откриваат детали кој е вмешан во корупција и ја злоупотребувал службената положба.

- Дали можеби станува збор за истите тројца функционери за кои зборуваше и вицепремиерката за добро владење Славица Грковска?

-  „Не знам“, кратко одговори Премиерот Димитар Ковачевски.

Ова следи откако во посета на земјава беше тим на американски истражители за санкции од Вашингтон кои според Претседателот Пендаровски тричлениот тим од САД собирал информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува да биде објавена во догледно време.

Изминатиот период се погласно почна да се зборува на темата корупција во Македонија, откако претставници на меѓународната заедница упатија серија критики за недостиг на акција во борбата против корупцијата. Евроамбасадорот Дејвид Гир на два пати во една недела упати јасни пораки дека време е за “акција”.

Вицепремиерката за борба против корупцијата Грковска истакна дека досега иницирала три пријави за функционери кои ја слоупотребиле службената положба. За две две имало основи за кривично гонење, а третиот случај бил доста обемен, но ниту таа не открива детали, ниту имиња.