Македонија
25. December 2022 - 16:39

И Гостивар на листата со екстремно загаден воздух, граѓаните револтирани од односот на надлежните

Топлото и сончево време за овој период од годината не го намали загадувањето. Утринава магливото Скопје повторно беше на врвот најзагадени градови во светот. Најтешко се дишеше во Лисиче, Центар и Гази Баба. Од министерството за животна средина информираат дека освен во скопските општини, Кичево, Кавадарци и Струмица, од денеска владините мерки за намалување на последиците поради алармантно загадениот воздух стапија во сила и во Гостивар, но дали ќе дадат резултат останува да видиме имајќи во предвид дека се само препораќи и не се задолжителни.

Во меѓувреме скопјани го искористија неколкучасовното сонце и излегоа на прошетка, пред градот да биде обвиен во смог. Граѓаните со единствен став дека им пречатат опасните честички во воздухот.

Наместо конструктивни решенија, најголемите политички партии излегоа со обвинувања кој ништо не преземал за да се намали загадувањето.

-Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем.

Напротив, се што градската власт на ВМРО-ДПМНЕ прави во овие 14 месеци не е спречување туку поттикнување на загадувањето, изјави Петар Петковски од СДММ.

На ова реагираа од ВМРО ДПМНЕ

СДС е 7 години на власт, Скопје е позагадено од кога било порано, народот не заборава како ветуваа чист воздух.

СДС ветуваа чист воздух и здрава животна средина. На цел глас викаа ајро ајро, за на крај Скопје да тоне во загаден воздух.

СДС е 7 години централна власт, и раководи со Министерството за животна средина, и за целиот тој период немаат ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздух, стои во реакцијата на опозициската партија.