Бесплатен јавен превоз поради загадувањето, се преземаат ли подолгорочни мерки?
Поради промена на серверот во министерството, уште десетина дена нема да бидат достапни податоците од мерните станици за воздухот. Министерот им се извини на граѓаните но вели тие не го кријат надминатиот праг и затоа ги вовеле мерките за заштита од загадувањето. Деновиве нивото на ПМ честички е многу високо но според Нуредини тоа се должи пред се на временските услови.
Нуредини тврди дека и натаму главен приоритет им е замена на греењето во јавните објекти што според студиите се покажало дека е главен извор на аерозагадување. Вели буџетот кој го проектирале за наредната година не е доволен но за предвидените проекти земаат заеми од европската банка.
И покрај алармот од министерството дека скопјани дишат екстремно загаден воздух, од град Скопје се уште не се воведени мерки за заштита. Дополнително на неколку булевари во тек се градежни активности што дополнително придонесуваат за зголемување на ПМ честичките во воздухот.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
