Македонија
13. January 2023 - 16:33

Расте бројот на болни од грип - Пикот доправа се очекува

Новата година донесе и зголемен број на случаи со грип. Според последниот извештај на ИЈЗ во првата недела од јануари регистрирани се 821 заболен, што е за 2,5 пати повеќе од неделата претходно. Половината се деца до 14 години. Најмногу пријавени има во Центрите во Битола, Скопје и Кавадарци. Регистрирано е и едно починато лице на 65 годишна возраст со кардиоваскуларни и белодробни заболувања.

Според лабораториските анализи на ИЈЗ сезонава доминира грип од типот А, како и свиниот грип кој резултира со повеќедневна температура и потешки симптоми.

Од Комисијата за заразни болести велат дека бројките на болни од грип периодов се идентични како и претходните 10 години, со исклучок на пандемиската 2021 -22. Според прогнозите наредниот период се очекува бројот на болни да расте. За ова ќе се разговара и на состанокот на Комисијата закажан за среда.

-Очекувано е некаде во 7 и 8 недела од календарската 2023 година да имаме повисока активност, и доколку нешто екалира да предложиме мерки и препораки, но како мшто кажав засега е состојбата е под контрола и има доволно болнички капацитети, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Покрај грипот според матични лекари периодов во земјава циркулираат и Ковидот, респираторниот синцицијален како и адено вирусот со изразена стомачна симптоматологија и затоа речиси секој втор е болен.