Откази за вработени во обезбедувањето на градот Скопје
Двајца вработени како обезбедување во Град Скопје избркани од работа. Обвинуваат дека позади според отказните решенија стои самоволието на секретарот Зоран Глигоров.
Во отказите е наведено дека во текот на работата сториле дејствие кое има обележје на кривично дело за што и двајцата тврдат дека не направиле ништо против законот и дека се жртви на мобинг од страна на секретарот.
Се сомневаат дека тој им се одмаздува поради минатонеделниот инцидент во бараките на Градот за што била повикана и полиција.
Денеска отказ добил и неговиот колега кој дента бил на смена, но седел во пријавницата. Во исто време е казнет и 3 месеци по 30 отсто од плата, а пред месец дена биле наградени.
И двајцата ангажирале адвокати и ќе докажуваат дека не законски се избркани од работа. Поддршка добија од 20-тина нивни колеги вработени како обезбедување. Сите се потпишани и на жалбата за мобинг од страна на секретарот.
Иако побаравме не добивме став од Град Скопје за обвинувањата и бркањето од работа на двајцата вработени во обезбедувањето.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар