Македонија
18. January 2023 - 12:27

Берово годинава не е атрактивен за странски туристи

Најпознатиот туристички центар на истокот пулсира само за празниците. Во Берово годинава изостанаа странските гости, па беше интересен само за домашните посетители.

- Имаше од секаде, имаше народ многу. Од Скопје, Штип, Куманово, Тетово, од секаде имаше.

- Бидејќи времето беше многу убаво, бевме full, Во Берово имаше многу туристи, од државата, а од странство беа нашинци кои се вратија за празниците.

Беровчани велат дека уникатниот аеро спа центар на Балканот има што да понуди, а конкурентен е и со цените во однос на другите градови и туристички места.

- Од ноќен живот, до кафулиња и апартмани за спиење, се има.

- Цените се многу евтини, за разлика од Скопје и другите, многу сме поевтини.

Последна шанса за продолжување на туристичката сезона за уште некој ден е празникот Богојавление. 

- После празниците, после 20-ти ќе биде многу слабо, нема луѓе.

- После доаѓа Свети Јован, па Свети Антоние, Атанасие, до тогаш ќе има, а после веќе ќе снема.

Освен во туризмот, во Берово скоро и да нема поголеми стопански капацитети кои ќе понудат работни места и пристојна заработувачка, поради што, посебно младата популација масовно се иселува во западно европските земји и другите македонски градови.