Анализа: Што ќе добие, а што ќе изгуби Владата со евентуален влез на Алијанса
Влегувањето на Алијанса на Албанците можеби ќе ја одржи стабилна владата до 2024 но нема да обезбеди поголем број на пратенички гласови потребни за уставни измени. Аналитичарите сметаат дека спротивно на ова, бројот на пратеници во власта ќе остане ист, бидејќи се поизвесно ќе биде напуштањето на коалицијата од помалите политички партии.
Со влезот на алијанса се прави проевропски коалициски фронт смета Сефер Тахири. Тој смета дека со проширување на коалицијата со уште една албанска партија власта се спротиставува на уценувањата кои доаѓаат главно од огнената група во ДУИ но и од СДСМ.
Огнената група иако вели дека разидувањата со централата се големи, сепак е на ставот дека не треба да има предвремени избори во мај. Влезот на алијанса во владата сметаат дека е обид за спас на Артан Груби.
Огнената група најави дека внатрешната војна во ДУИ продолжува, тие вечерва во МНТ ги собраа младите поддржувачи на политиките со кои тие се спротиставија во партијата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
